Samsung почна со производство на 90Hz OLED дисплеи. Првобитно е планирано 14-инчните (2880 x 1800p) 16:10 панели да бидат објавени во текот на март, но значително се одложени.
Дополнителната брзина во споредба со 60Hz OLED панели ги прават посебно интересни за гејминг. Samsung истакнува дека OLED технологијата креира помало заматување на движењата во однос на LCD панели и тврди дека почисти движења можат да се видат на 90Hz OLED дисплеи, отколку на 120Hz LCD модели. теоретски, тоа значи дека гејмингот на лаптоп дисплеите ќе биде поостар и полесен за графичкиот процесор.
OLED екраните испорачуваат и подобра боја, со покриеност на 100% DCI-P3 спектарот, што го надминуваат поголем дел од LCD моделите. Овие панели нудат и подлабоки нијанси на црната боја, побрз одзив и подобри агли на гледање.
Недостаток на OLED дисплеите во однос на LCD е недостатокот на осветлување и послабата заштеда на енергија во текот на работата, кога се прегледува посветла содржина.
Samsung ќе обезбеди 14-инчни 90Hz OLED панели за Asus Zenbook 14X Pro и Vivobook Pro 14X моделите, кои се претходно објавени, а јужнокорејската компанија обезбедува и 16-инчни 4К 60Hz панели.
Поврзани артикли