LG се здоби со добра репутација преку своите UltraGear монитори, а сега компанијата го објави првиот додаток што одговара на овие монитори – UltraGear GP9 гејмерскиот звучник.
Јужнокорејската компанија го имплементираше Quad DAC во овој преносен звучник, со помош на ESS и во форма на моделот 9038Pro. LG го користи ова за да испорача виртуелен звук од 7,1 канали, а GP9 е сертифициран за Hi-Res Audio. Покрај тоа, звучникот има вграден микрофон со заштита од бучава во позадина, така што може да се користи за гласовни разговори и онлајн состаноци.
Бидејќи се работи за преносен звучник, го краси батерија од 2600mAh, за која LG тврди дека може да трае до шест часа со едно полнење (не е познато дали е со RGB осветлување или без него).
Опциите за конекција вклучуваат USB-C, оптички S/PDIF и Bluetooth, а тука е и 3,5 мм порт. Присутна е и поддршка за DTS Headphone:X и прилагодлив еквилајзер, како и SBC и AAC кодеци. Исто така, е имплементирана и поддршка за Google Assistant и Siri.
LG UltraGear GP9 гејминг звучникот ќе биде достапен по препорачана цена од 500 долари.