Линијата на телефони на Samsung Fan Edition е популарна меѓу корисниците кои сакаат добри спецификации, а сепак сакаат да заштедат неколку евра. Поевтиниот телефон на преклоп – Galaxy Z FE – наскоро би можел да се приклучи на линијата.

Телефоните со преклопување сè уште доаѓаат на пазарот со релативно висока малопродажна цена, но тоа наскоро би можело да се промени. Според информациите објавени на платформата X од страна на дојавувачот Revegnus, Samsung размислува да ја прошири својата подостапна телефонска линија Fan Edition и да лансира поевтин телефон кој може да се свитка.

„S23 FE треба да биде претставен наскоро, а постои можност Samsung да планира постојано да ја освежува линијата FE секоја година. Во исто време, има гласини дека во тек е тестирање за Galaxy Z FE“, напиша Revegnus на X.

Дојавувачот исто така истакна во објавата дека прифатлива верзија на Z Fold или Z Flip би можела да ја види светлината на денот веќе следната година, откако Samsung ќе ја претстави новата генерација на своите телефони со преклопување.

Засега не се знае какви спецификации ќе има таканаречениот Galaxy Z FE. Но, судејќи според претходните модели од таа линија, телефонот ќе има процесор од висока класа, но малку понизок квалитет на изработка, што на крајот го прави поевтин.