Израелската компанија за сајбер-безбедност, NSO Group развила уникатен софтвер со којшто е можно да се изврши хакерски упад во кој било iPhone уред на американската компанија Apple, објави денеска мониторинг-групата за безбедност на интернет – „Ситизен лаб“.
Оттаму велат и дека сознанието за постоење на спомнатата алатка е важно бидејќи ја открива чувствителноста на сите оперативни системи iOS, OS X, како и watchOS, освен оние што биле ажурирани денеска.
Американската компанија Apple потврди дека со обновувањето на софтверот на своите системи, ја елиминирале опасноста од можноста од хакерски упад на уредите.
Поврзани артикли