Vivo го претстави својот најнов премиум телефон од серијата X, кој содржи Snapdragon 888+ чипсет и ZEISS систем за камери – Vivo X70 Pro+. Овој модел доаѓа и со надградба на дисплејот, камерата и батеријата во однос на Pro+ моделотѕ од јануари.

X70 Pro+ користи 6,78-инчен Samsung E5 AMOLED панел со резолуција 3200 x 1440p и HDR поддршка. Екранот има LTPO панел и прилагодлива стапка на освежување од 1Hz до 120Hz. Е5 панелот користи и 25% помалку енергија во споредба со постарите панели Е4.

Батеријата има капацитет од 4500mAh и поддржува 55W брзо полнење и 50W безжично полнење. Споменаѕиот Snapdragon 888+ чип нуди повисоки брзини на тактот за главното јадро на процесорот во споредба со Snapdragon 888 (2.995GHz наспроти 2.84GHz) и овозможува подобрување од 20 проценти кога станува збор за AI моторот.

На полето на камерите, X70 Pro+ користи 50MP Samsung GN1 сензор за главната камера (1.2µm големина н а пиксели, f/1.57 отвор на бленда). Тука се и 48MP IMX598 ултраширока камера со гимбал стабилкизација и два телефото модула – перископ 125мм 8MP сензор и  12MP портрет камера со f/1.6 објектив. Сите четири камери имаат Optical Image Stabilization и електронска стабилизација. Објективите користат ZEISS T* слој кој штити од одблесоци.

Vivo X70 Pro+ има задна страна од веганска кожа во виолетова и сина боја, а тука е и стандардната црна варијанта. Достапни се 8GB или 12GB четириканален LPDDR5 RAM и 256GB или 512GB UFS 3.1 складирање. Оперативниот систем е Origin OS 1.0, заснован на Android 11.

Телефонот ќе биде достапен во Кина подоцна во текот на месецот, по цена од околу 850 долари за почетниот 8/256GB модел.