Се приближуваме до официјалната презентација на Apple, која беше најавена за 14 септември, и во текот на која се очекува претставување на iPhone 13 линијата. Сега еден украински малопродажен синџир ги објави опциите за бои и конфигурации на просторот за складирање за претстојната iPhone 13 линија.

Не се наведени фотографии од уредот, но листингот се посочува дека iPhone 13 и iPhone 13 Pro ќе пристигнат во шест бои: црна, сина, виолетова, розова, бела и црвена. iPhone 13 mini ќе биде достапен во опции за складирање од 64GB и 128, додека iPhone 13 ќе пристигне во варијанти од 128GB и 256GB.

Кога станува збор за помоќните iPhone 13 Pro и 13 Pro Max модели, тие ќе имаат потрадиционални бои: црна, сребрена, златна и бронзена. Pro верзијата се очекува со опции за складирање од 128GB и 256GB, додека Pro Max ќе биде достапен во варијанти од 256GB и 512GB.

iPhone 13 линијата ќе биде официјализирана следната недела, а со телефоните се очекува и објава на новата Apple Watch Series 7 линија паметни часовници.