Huawei Mate X веќе некое време е достапен во Кина, а во последните месеци се појавуваат информации за верзијата на овој уред со Kirin 990 чипсет.

Huawei дури и накратко го прикажа Mate Xs во октомври, а компанијата потврди дека флексибилниот теелфон ќе има Kirin 990 5G чипсет и планиран е во Кина да биде претставен во текот на март, 2020. година.

Во текот на интервјуто со претставниците на медиумите, Извршниот директор на Huawei, Ричард Ју потврди дека новиот Mate X ќе користи Kirin 990 чипсет, ќе има подобар механизам за шарката и поиздржлив екран. Тој истакна и дека флексибилниот телефон ќе биде прикажан во текот на MWC 2020 во Барселона, а мобилниот конгрес ќе се одржи од 24 до 27. февруари.

Засега не е јасно дали е ова новиот Mate X или претходно навестениот Mate Xs, или некој целосно друг уред, така што потврда за ова ќе мораме да почекаме од кампот на компанијата Huawei.