Германскиот виролог Кристијан Дростен порачал дека е неопходно вакцинираните граѓани намерно да се инфицираат со коронавирусот.

Најугледниот германски виролог Кристијан Дростен препорачува вакцинираните да се заразат со коронавирусот за подолго време да бидат заштитени од Ковид-19.

Тој на својот поткаст објавил дека вакцинираните кои намерно ќе се инфицираат можат да создадат големо ниво на антитела.

Дростен исто така изнел сомнеж дека вакцинацијата сама по себе е доволна за совладување на пандемијата.

„Наесен сигурно ќе ни биде потребно ограничување на контактите“, вели тој.

Според неговите зборови помислата дека ќе бидеме сигурни наесен е „луда претпоставка“.

Врз основа на актуелната ситуација, тој укажува дека вакцините штитат од потешко заболување, но не и од заразата.

За Дростен пандемијата може да се победи само со вакцина и инфекција по имунизирањето. Истовремено испратил апел до вакцинираните да се придржуваат до мерките поради тоа што само така можат да ги заштитат невакцинирани сограѓани.