Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека ги проценува податоците за третата или засилувачка доза на вакцината Pfizer/BioNTech против Ковид-19, која се дава шест месеци по втората доза кај луѓе над 16 години.
Во врска со барањето на BioNTech, ЕМА објави дека ќе направи брза проценка на податоците, а резултатот се очекува „во следните неколку недели“.
Американската компанија Moderna во петокот соопшти дека побарала условно одобрување од ЕМА за давање на вакцината против коронавирус во доза од 50 микрограми.
Во соопштението на Moderna се вели дека одговорот на ЕМА се очекува во разумен рок.
„Модерна“ и „Фајзер“ вакцините со две дози се засноваат на нова мРНА технологија.
ЕМА, исто така, соопшти дека ги оценува податоците за употреба на дополнителни дози на мРНА вакцини кај луѓе со слаб имунолошки систем.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) минатата недела соопшти дека нема итна потреба од засилувачки вакцини против Ковид-19 кај луѓе кои се целосно вакцинирани.
САД се подготвуваат да воведат т.н. бустер дози, откако американскиот експерт за заразни болести Ентони Фаучи во неделата рече дека најверојатно официјалните претставници наскоро ќе добијат регулаторни дозволи за засилувачка доза на вакцината „Фајзер“.