Популарната апликација за размена на пораки и друга мултимедијална содржина, WhatsApp, за два месеци ќе престане да работи на некои постари модели на мобилни телефони. Се проценува дека милиони луѓе повеќе нема да можат да го користат WhatsApp.

Уредите што WhatsApp повеќе нема да ги поддржува се оние со Android верзија 4.0.4 или една од претходните верзии, како и iPhone модели што работат на iOS 9 или една од постарите верзии на тој оперативен систем. Ова се околу 50 модели на мобилни телефони, а тоа се:

Samsung: Galaxy Trend Lite, Galaxy Trend II, Galaxy SII, Galaxy S3 mini, Galaxy Xcover 2, Galaxy Core and Galaxy Ace 2.

LG: Lucid 2, Optimus F7, Optimus F5, Optimus L3 II Dual, Optimus F5, Optimus L5, Optimus L5 II, Optimus L5 Dual, Optimus L3 II, Optimus L7, Optimus L7 II Dual, Optimus L7 II, Optimus F6, Enact , Optimus L4 II Dual, Optimus F3, Optimus L4 II, Optimus L2 II, Optimus Nitro HD and 4X HD и Optimus F3Q.

ZTE: Grand S Flex, ZTE V956, Grand X Quad V987 и Grand Memo.

Huawei: Ascend G740, Ascend Mate, Ascend D Quad XL, Ascend D1 Quad XL, Ascend P1 S и Ascend D2.

Sony: Xperia Miro, Sony Xperia Neo L i Xperia Arc S.

Alcatel: One Touch Evo 7

Apple: iPhone SE, 6s и 6s Plus

Корисниците на поновите уреди на кои WhatsApp продолжува да работи, до крајот на годината можат да очекуваат бројни новитети, како пораките кои исчезнуваат, групните повици и новите стикери.