Гугл привремено блокираше неопределен број електронски пошти на авганистанската влада поради стравот дека дигиталната документација оставена од поранешни службеници и нивните меѓународни партнери ќе биде злоупотребена.
Според извештаите на авганистанската Влада, која е поддржана од САД, талибанците би можеле да ги користат биометриски податоци и авганистански платни списоци.
Во соопштението од Гугл се наведува дека е-поштите на авганистанската Влада ќе бидат блокирани и дека компанијата „презема привремени мерки за да обезбеди релевантни сметки“.
Јавно достапните податоци покажуваат дека дваесетина авганистански владини агенции ги користеле серверите за е-пошта на Гугл, вклучително и Министерството за финансии, за индустрија, за високо образование и за рударство. претседателскиот кабинет на Авганистан, како и некои органи на локалната власт.
Истражувачот за безбедност на интернет Чад Андерсон изјави дека талибанците се обидуваат да ја контролираат дигиталната инфраструктура изградена во САД и оти разузнавачките податоци од таа инфраструктура „можат да бидат многу повредни за новата влада отколку старите хеликоптери“.