Твитер има во план нова функција, која ќе им овозможи на корисниците повеќе опции за приватност. Bloomberg известува дека социјалната мрежа наводно планира опција за архивирање на стари твитови, за да не бидат видливи за другите корисници по одреден временски период (на пример, по 30, 60, 90 дена или година).

Може да биде додадена и опцијата за ограничување на тоа кој може да го види твитот што го лајкувал корисникот, потоа опцијата за корисниците сами себе да се отстранат од разговорот на Twitter, како и да им дозволат на луѓето да ги отстранат следбениците без притоа да ги блокираат.

Bloomberg ги опишува новите функции како пакет измени за „социјална безбедност“, кој има за цел да им овозможи на луѓето поудобно да го користат Твитер. Засега нема информации кога споменатите функции ќе бидат имплементирани во апликацијата, а некои од нив се уште се во концепт фаза.

Твитер наводно планира да почне да им дозволува на корисниците да се отстранат од разговорот до крајот на оваа година, додека од септември ќе им понуди опција на корисниците да ги отстранат следбениците.