Samsung претстави премиум сензор за камери, кој најверојатно ќе го краси претстојниот Galaxy S22 Ultra телефон, а тоа е ISOCELL HP1. Сензорот има резолуција од 200MP, и може да креира фотографии од 12.5MP и 50MP, преку „binning pixel“ методот што Samsung го нарекува ChamaleonCell.
HP1 ќе нуди различни резултати во зависност од достапното светло. Во услови на слаба осветленост, ќе комбинира пиксели во 4-by-4 методот 12,5 MP фотографии и поголеми 2,56μm пиксели. Во услови на добра осветленост, сензорот испорачува 2-by-2 комбинација на пиксели за фотографии од 50MP со 1,28μm пиксели или изворни 200MP со 0,64μm пиксели.
Samsung не истакна колку е голем ISOCELL HP1, но се очекува да биде помал од ISOCELL GN2. На крајот, ISOCELL HP1 е способен за снимање видео од 8K @ 30fps, со минимално намалување на полето за преглед.
Кога е во прашање ISOCELL GN5 се работи за 50MP 1.0μm сензор, кој нуди подобрување на перформансите на автофокусот и прецизноста. Сензорот прв пат ја користи Front Deep Trench Isolation технологијата и Dual Pixel дизајн. ISOCELL GN5 ја интегрира и Dual Pixel Pro – технологијата на автофокус во сите правци.
Samsung истакнува дека примероците на 200MP ISOCELL HP1 и 50MP ISOCELL GN5 сензорот се достапни, така што на уредите се очекуваат наскоро.