Twitter воведува платени содржини за некои профили како нов начин за награда на создателите на содржини. Ова е дел од стратегијата на социјалната мрежа да ја зголеми својата публика, но и да си ја намали зависноста од приходите од реклами.
Имено, тн. „инфлуенсери“, како што се познавачите за шминка или спорт, отсега ќе можат да имаат и „суперследачи“ кои ќе добиваат ексклузивна содржина со претплата од 3, 5 или 10 долари месечно.
– Како „суперследач“, ќе може да учествувате во дискусии во кои пристап имаат само привилегираните претплатници, изјави Естер Крофорд, одговорна претставничка на Твитер.
Таа, притоа, нагласи оти јавните досегашни објави нема да исчезнат.