Долгоочекуваниот Galaxy S21 FE на Samsung може да биде објавен веќе следната недела, според наводите на дојавувачот Маури QHD.
Според гласините, телефонот би требало да биде официјализиран на 8 септември. Датумот доаѓа од вработен во Samsung, но информацијата треба да се земат со резерва, бидејќи се непотврдени.
Сепак, веќе постојат многу докази дека претстојната најава на смартфонот е се поизвесна. Galaxy S21 FE неодамна беше забележан на Google Play Console и Bluetooth SIG сајтовите. Телефонот кон крајот на јуни доби и FCC сертификат. Покрај тоа, Galaxy S20 FE минатата година беше објавен кон средината на септември што дополнително укажува на можноста да биде објавен следниот месец.
Претходните извештаи сугерираа дека Galaxy S21 FE ќе има ограничена достапност во Европа и САД, а причината е глобалниот недостаток на чипови.
Поврзани артикли