Претстојната Alder Lake серија процесори на Intel ќе имплементира микс од големи и мали јадра, комбинирани во еден пакет кој е дизајниран за хибридна обработка на податоци.
Покрај јадрата на процесорот, Intel во Alder Lake ќе додаде и интегрирани графички картички. Меѓутоа, како што тврди според Komachi (@KOMACHI_ENSAKA), ќе постојат и Alder Lake модели кои нема да имаат интегриран графички процесор.
Се очекува дека Intel ќе креира Intel ќе креира F модели и за Alder Lake, како што тоа го правеше за претходните генерации на Core процесорите. Во протечениот листинг, Komachi укажува на постоење на Intel Core i5-12600KF, Core i7-12700KF и Core i9-12900KF модели.
Сите наведени модели имаат можност за оверклокување, но нивниот интегриран графички процесор е оневозможен. Бидејќи не постои iGPU што генерира топлина, се очекува дека потенцијалите за оверклокување ќе биде уште поголеми кај “F” Alder Lake процесорите.
Покрај тоа, овие процесори би можеле да бидат поевтини од стандардните модели.
Поврзани артикли