Кога Microsoft првпат го објави Windows 11, компанијата откри некои од минималните хардверски барања потребни за надградба на новиот OS. Едно од тие барања е процесор претставен по 2017 година, што би значело дека оние со постари компјутери нема да можат да го користат Windows 11.
Сепак, Microsoft истакна дека размислува за намалување на тие барања, а добра вест е што компанијата тоа го направи тоа до одреден степен. „Заклучивме дека избраните, компатибилни 64-битни процесори, 4 GB меморија, 64 GB простор за складирање, UEFI secure boot, графичките барања и TPM 2.0 се вистинските минимални системски барања кои ги задоволуваат принципите што ги утврдивме за најдобра поддршка на корисникот“, наведуваат од Microsoft.
Исто така, додадено е утврден збир модели на компјутери што ги исполнуваат принципите на процесорите на Intel од седмата генерација, кои првично не беа вклучени во минималните системски барања. Ова сега ќе ги вклучува и Intel Core X-серијата, Xeon V-серијата, како и Core 7820HQ.
Тоа значи дека иако барањата остануваат во голема мера исти, корисниците кои можеби не поседуваат компатибилни процесори, сепак можат да пробаат да го инсталираат Windows 11, но нема гаранција дека ќе успеат.
Поврзани артикли