Nokia X20 телефонот доби FCC сертификат, а ова е еден од трите телефони за кои се верува дека ќе бидат претставени на 8. април, во текот на настанот кој веќе го најави HMD Global.

Другите два телефони би требало да бидат Nokia G10 и Nokia X10. Засновано на гласините, G10 е 4G телефон, додека X10 и X20 ќе користи Snapdragon 480 чипсет, кој овозможува 5G поддршка.

FCC документацијата открива дека Nokia X20 би требало да има 6.5-инчен екран и голем кружен модул за камерите на задната страна. Скицата на уредот од FCC не покажува сензор за отпечатоци од прсти на задната страна, што сугерира дека е сместен во копчето од страна (освен ако HMD не одлучил да го имплементира под дисплејот).

Според најноцвите бенчмарк листинзи, Nokia X20 ќе има 6GB RAM, Android 11 од самиот старт, а сугерираната цена изнесува околу 350 евра. Nokia X10 би требало да чини околу 300 евра.