Како што беше ветено во декември, Motorola сега објави дека својот нов премиум смартфон официјално ќе го претстави во текот на април. Телефонот ќе биде претставен во текот на E-vent настанот на компанијата, кој ќе биде виртуелна презентација и ќе се одржи на 22. април.

Motorola објави краток промотивен тизер, кој не открива многу за самиот уред, освен аглите на уредот кој изгледа има дисплеј со waterfall рабови.

Помина доста време откако Motorola претстави вистински премиум телефон. Последниот ваков уред беше Moto Z2 Force, кој беше објавен кон средината на 2017. година. Оттогаш, компанијата воглавно се фокусираше на пружање на подостапни стандардни и 5G решенија.

Motorola оваа година ќе користи Snapdragon 765 и Snapdragon 865 чипови во своите телефони, па така она што ќе биде објавено следната недела секако ќе биде 5G уред.