Galaxy S20 FE оствари огромен успех, а неговиот наследник првично требаше да биде лансиран заедно со флексибилните Galaxy Z Flip 3 и Galaxy Z Fold 3. Сепак, лансирањето на Galaxy S21 FE беше одложено поради постојаниот недостаток на чипови. Samsung сега случајно повторно објави фотографија од S21 FE смартфонот.
На веб-страницата на Samsung во Франција, која ја рекламира бесплатната понуда на YouTube Premium се споменува Galaxy S21 FE. Се чини дека компанијата случајно го навела ненајавениот паметен телефон покрај Galaxy S21, Galaxy S21+ и Galaxy S21 Ultra. Очигледно, Galaxy S21 FE ќе пристигне со 4-месечна претплата на YouTube Premium.
#Samsung Galaxy S21 FE 3D renders are here and you need to see them all! https://t.co/tLtv82zj3b #GalaxyS21FE
— Sammy Fans (@thesammyfans) August 21, 2021
Фотографиите и спецификациите на Galaxy S21 FE веќе протекоа. Смартфонот има 6,5-инчен Super AMOLED Infiniti-O екран со Full HD+ резолуција, 120Hz стапка на освежување, HDR10+ и читач за отпечатоци од прсти во екранот. Телефонот ќе биде опремен со Snapdragon 888 процесор, 8 GB RAM и 128 GB/256 GB внатрешна меморија. Ќе го напојува со батерија од 4.500 mAh која поддржува брзо полнење од 25W и безжично полнење Qi.