Откриен е патент што укажува на евентуалните планови на Huawei во областа на смартфоните. LetsGoDigital сугерира дека кинескиот производител ќе претстави Arc дисплеј, со ултра закривени страници и повеќе функции за контрола на допир, вклучително и контрола на звук.
Huawei веќе некое време размислува за имплементација на овие функции. Пријавата за патент беше поднесена во март 2019 година, а поедноставна имплементација на ова решение видовме кај Мate 30 серијата – телефоните немаа копчиња за контрола на јачина на звукот. Наместо тоа, двојното допирање каде било на страницата ги активираше виртуелните аудио контроли.
Според придружните фотографии, дополнителниот екран би се користел и за копчињата од страна, неколку икони, па дури и за читање онлајн пораки.
Концепт фотографиите нудат и увид во системот за камери на задната страна, но тие се од илустративен карактер. Останува да видиме дали споменатата карактеристика на Arc дисплејот ќе пристигне во претстојната Mate 50 серија, за која засега нема информации.