Touch ID е варијанта на Apple за сензорот за отпечатоци, кој се уште е присутен на некои уреди на компанијата (iPad, iPhone SE, iPad Air). И покрај одредени гласини, читачот на отпечатоци нема да се врати на главната iPhone линија, naveduva Марк Гурман од Блумберг.

Apple наводно тестирал дисплеи кои имаат вграден читач za отпечатоци, но Гурман верува дека ова нема да биде правецот во кој планира да оди компанијата со седиште во Купертино.

Наместо тоа, Face ID ќе биде вграден под дисплеите на идните премиум модели на iPhone, како што е iPhone 14. Поевтините модели ќе го задржат системот за скенирање лица, со сензор сместен во видливиот засек (notch). Сето ова е наменето за идните модели, бидејќи  iPhone 13 серијата што пристигнува во септември нема да спроведе голем редизајн.

Претходно се споменуваше iPhone SE за 2022 година со 5G конекција, со ист дизајн како и iPhone 8 моделот, кој ќе вклучува 4,7-инчен LCD екран и евентуално сензор за отпечатоци / копче за вклучување на дното на телефонот. Сепак, Гурман верува дека наместо тоа новиот SE ќе има класичен Face ID сензор (оној под екранот ќе биде резервиран за премиум моделите).