Франција и Шпанија во моментов поставуваат таканаречени радари за бучава со камери и микрофони од 360 степени кои долгорочно ќе се користат за казнување на возачите, додека камерите со мерач на бучава ќе се тестираат и во Англија, а во Данска контрола на брзината – мора да се намали поради бучавата на патиштата која е штетна за здравјето.
Секоја година, бучавата предизвикува илјадници предвремени смртни случаи, како и хронични нарушувања на спиењето за милиони граѓани на ЕУ. Поради борбата против нелегалната сообраќајна бучава од мотоциклите и автомобилите, многу европски земји усвојуваат нова технологија која ги бележи бучавата и регистарските таблички.
Во Франција, прототип на радар за бучава е тестиран минатата година на затворена тест патека во градот Нант. Резултатите од експериментот биле толку убедливи што дури осум градови се пријавиле да учествуваат во тестирање на овие радарски прототипови. Радарите за бучава го бележат нивото на децибели од нивната околина десет пати во секунда. Уредите се со камера од 360 степени заедно со четири акустични микрофони кои откриваат бучава и ја бележат регистарска табличка. Радарите за бучава во Франција се очекува да се користат за казнување најрано до крајот на 2022 или 2023 година, во зависност од тоа како ќе се одвива тест проектот, инициран од Министерството за животна средина.
Во Шпанија, властите во Каталонија неодамна објавија дека радарите за бучава, кои покрај Франција, исто така, во минатото се тестирани во Швајцарија, ќе бидат поставени покрај еден од примарните автопати во регионот, С-31.
Слично решение е испробано и во Англија, а сега ќе се инсталираат повеќе камери за заштита од бучава, кои веќе се користени за казнување. Се е започнато со пилот-проект минатата година, каде што камерите за бучава биле инсталирани на две улици. Една од нив е улицата Слоун во лондонскиот кварт Челзи, познат по бројните Lamborghini, Ferrari и други скапи автомобили, а таму se доделени 2.000 казни за краток временски период.
Во Данска, владата објави дека ќе се постават кутии за мерење бучава на автопатиштата во близина на градовите.
Поврзани артикли