Apple постепено, во текот на претходните години, го менуваше својот дизајнерски јазик за своите производи. Интересно е дека се почна со iPad Pro моделот, кој го отфрли заоблемните рабови во корист на рамните. Ова подоцна се прошири на iPhone 12, а изгледа дека наскоро би можело да се прошири и на Apple Watch.
Новите рендери што ги објави 91Mobiles, вклучуваат и фотографии за претстојниот Apple Watch Series 7, а ги покажуваат рамните рабови на часовникот. Ова е во склад со рендерите што ги видовме пред неколку месеци, а ги потврдуваат тврдењата на двата извора.
Примената на рамните рабови му дава на часовникот малку повеќе квадратен и повеќе „органски“ изглед. Поради тоа, изгледа повеќе коцкасто, а дали е тоа добра или лоша работа зависи од личните преференци на корисникот.
Apple планира настан во септември на кој ќе биде претставена iPhone 13 серијата. Во рамките на истиот настан, најверојатно ќе ја видиме и објавата на Apple Watch Series 7 паметните часовници.