Counter-Strike 2 ќе започне ова лето, но сè уште нема точен датум кога тоа би требало да се случи. Но, некои играчи мислат дека Valve веќе го откри тоа во играта.

Counter-Strike 2 моментално е во затворено тестирање и се ветува дека оваа нова верзија на играта со пукање ќе стане достапна за сите некаде ова лето. Летото е веќе во тек, па играчите со нетрпение се прашуваат – кога.

Некои дури почнаа да бараат индиции за датумот на издавање во самата игра.

Според една теорија, која добива на популарност, два можни датуми за лансирање на Counter-Strike 2 се 5-ти или 24-ти август. Имено, на мапата Overpass има два ѕидни часовници на кои стрелките застанале токму на тие бројки.

Случајност?

Тешко е да се каже, но осмиот месец изгледа како идеално време за лансирање на играта, поради помалата гужва. Игрите ориентирани кон повеќе играчи Payday 3 и EA Sports FC 24 веќе пристигнуваат во септември, заедно со поголемите хитови како Starfield, Mortal Kombat 1, Cyberpunk 2077: Phantom Liberty и други.