Компанијата „Фајзер“ во понеделникот поднела иницијален извештај до Американската агенција за храна и лекови во кој пишува дека третата доза од вакцината е ефикасна и во заштитата и против новите варијанти на коронавирусот.
Третата доза на вакцината предизвика значајно моќен одговор на антитела против оригиналната варијанта на коронавирусот, како и против делта и бета варијантите, во споредба со одговорот по примени две дози.
Според првите истражувања третата доза еднакво влијае и против оригиналната варијанта како и против мутациите.
„Со оголед на високото ниво на имунолошки одговори кои ги добивме, третата доза примена шест до дванаесет месеци по примарната вакцинација може да помогне да се задржи големо ниво на заштитата против Ковид-19“, стои во извештајот на компанијата.
„Овие податоци покажуваат дека можеме да сочуваме високо ниво на заштита против вирусот и неговите варијанти со третата доза од вакцината. Тоа би можело да го намали и преносот на болеста меѓу луѓето кои се вакцинирале, но и подобро да го контролира ширењето на вирусот општо“, изјавил д-р Угур Сахин, коосновач на „БиоНТек“.
Податоците се добиени во моментот кога заразата повторно се шири во САД, а бројот на хоспитализирани пациенти расте.
Експертите од „Фајзер“ сметаат дека третата доза наскоро ќе биде потребна, но американските здравствени експерти сè уште не мислат дека има потреба за тоа, пренесува CNN.
Минатата седмица Центарот за контрола и превенција на болести одобрија и препорачаа трета доза на вакцината кај имунокомпромитирани луѓе кои имале слаб имунолошки одговор по првата доза од вакцината.
Но, здравствените експерти и власти понатаму се сконцентрирани на потенцијалните невакцинирани граѓани.
Според податоците од понеделникот во САД со две дози од вакцините се вакцинирани 50,7 отсто од жителите.