Италијанскиот производител на автомобили Ferrari повторно ја освои титулата за најмоќен светски бренд, според најновиот извештај Brand Finance Global 2019, претставен на неодамна завршениот Светски економски форум во Давос. Великанот меѓу автомобилските брендови, последен пат ја понесе оваа тутула во 2014 година.

“Kако најквалитетен светски прооизводител на луксузни автомобили, Ferrari има неспоредливо ниво на препознатливост на брендот, кој ги подржува извонредноста на дизајнот и иновациите. Логотипот со коњот е совршен симбол на моќта и виталноста на брендот, кој планира нови модели но и развој надвор од автоиндустријата”, истакнува David Haigh, генералниот директор на компанијата Brand Finance.

Кога станува збор за вредноста на брендовите, на чело на листата се наоѓа американскиот трговец Amazon, со износ од 187,9 милијарди УСД (раст од 24,6% во однос на 2018 година), втор е Apple со 153,6 милијардиУСД, а трет е Google со 142,7 милијарди УСД. Microsoft се искачи од шестата на четвртата позиција, со вредност на брендот од 119,6 милијарди УСД, потиснувајќи го Samsung на петто место. Вреди да се спомене и скокот на кинескиот бренд Huawei, кој со извонреден раст на вредноста на брендот од 63,7%, направи пробив од минатогодишното 25-то место на 12-тата позиција.