И покрај фактот дека разликата помеѓу конекторите за полначи за паметни телефони е значително намалена во споредба со 2011. година, Европската унија сѐ уште е доследно посветена на воведување на универзално решение.
Европската комисија работи на нацрт-предлог за единствено решение за полнење на батериите на паметните телефони, па се очекува документот да биде претставен во септември, пренесува Reuters.
Apple може да биде најзасегнат од таквата одлука, бидејќи неговиот Lighting конектор се користи на само 21 отсто од телефоните во ЕУ, додека останатите 79 проценти се полнат преку микро-USB или USB-C конектори.
Нема многу детали за новата нацрт-регулатива со која ќе се регулира ова прашање, но веќе е познато дека членовите на Европскиот парламент веќе гласаа за еден полнач.
Главната причина за воведувањето на еден полнач е нивното влијание врз животната средина и довербата на корисниците на паметни телефони.
Како одговор на оваа иницијатива, Apple објави дека универзалниот полнач ќе ја „загрози иновацијата“ и ќе доведе до создавање „планина од електронски отпад“ доколку корисниците одлучат да се префрлат на новите полначи. Тие додаваат дека електронската индустрија сѐ повеќе ги прифаќа USB-C, така што секоја дополнителна регулација е излишна.
Извор: Telegraf.rs