Елон Маск е една од најконтроверзните јавни личности денес, и со оглед на тоа каква е неговата „конкуренција“, тоа не е мала работа.

Сосема е природно луѓето да гледаат на оние кои се на врвот на листата на најбогатите во светот со „сомнеж“. Позицијата на Елон овде е доста „флуктуирачка“, бидејќи тој изби на врвот практично од никаде.

Меѓутоа, не е неговото богатство тоа што го прави контроверзен, ниту како дошол до тоа. Она што ги тера луѓето да дискутираат е начинот на кој Маск ја води Tesla Inc. Новата сила во автомобилската индустрија го промени „статус квото“ што преовладуваше во овој сектор веќе еден век, за само пет години, за да го префрли фокусот на дебатата од погонски системи на таканаречено автономно возење.

Уште откако Автопилотот стапи на сцена (2014), тој беше главен извор на несогласувања, а причината е дека неговата употреба може да има последици што ги надминуваат финансиските или материјалните. Имено, луѓето можат да го загубат животот.

Поминаа две години од воведувањето на автопилотот за Елон Маск да излезе со тврдење дека проблемот со автономното возење повеќе не е мистерија.

„Во суштина, мислам дека автономното возење е решен проблем“, изјави тој за време на интервјуто во 2016 година, што се случи истата година кога Џошуа Браун го загуби животот во сообраќајна несреќа додека беше вклучен Автопилотот.

Погледнете го ова интересно видео и проценете сами дали и колку насловот носи вистина во себе.