Компанијата Samsung Electronics на виртуелниот настан Galaxy Unpacked 2021: Get Ready to Unfold, создава нова ера кај паметните телефони на преклоп, со два најнови премиум модели – Galaxy Z Fold3 5G и Galaxy Z Flip3 5G. Двата уреди се супериорно изработени и се карактеризираат со револуционерни перформанси што корисниците на Samsung ги сакаат и со нетрпение ги очекуваат. Третата генерација на овие уреди, со легендарен дизајн и импресивни карактеристики, Z Flip3 и Z Fold3 им овозможуваат на корисниците нови и уникатни начини на работа и забава.
На оние на кои им е потребен совршен уред за работа и забава, Z Fold3 е навистина моќно повеќефункционално решение со подобрени перформанси, 7,6-инчен Infinity Flex екран со совршено непречено отворање и поддршка за S Pen, што се јавува за прв пат кај уредите на преклоп. За оние кои ги ценат стилот и функционалноста, Z Flip3 е идеален поради својот елегантен и компактен дизајн кој го собира и в џеб, со подобрени карактеристики на камерата и поголем надворешен екран за полесна употреба во движење.
„Со Galaxy Z Fold3 и Z Flip3 моделите, Samsung повторно ги отвора можностите за мобилни телефони на преклоп што им даваат на корисниците флексибилност и перформанси со цел да бидат во чекор со денешното брзо темпо“, вели д-р Т.М. Рох, претседател и директор за мобилни комуникации во Samsung Electronics. „Како пионер и лидер во категоријата уреди на преклоп заедно со моделите Z Fold3 и Z Flip3, горди сме што продолжуваме со иновациите по кои сме познати. Овие уреди им носат на корисниците технологија која создава нови начини за максимално уживање во секое време со екосистем базиран на отвореност и иновација “.
Најнова долготрајна технологија
Корисниците на Samsung очекуваат уреди на преклоп кои се направени да траат. Затоа оваа генерација Galaxy Z уреди се карактеризира со уникатна изработка. Z Fold3 и Z Flip3 се првите паметни телефони на преклоп опремени со отпорност на вода IPX8, така што корисниците повеќе не треба да се грижат доколку бидат изложени на дождливо време. И двата уреди се изработени од нашиот нов алуминиум – најцврстиот алуминиум досега користен за паметен телефон – заедно со најсилното Corning® Gorilla® Glass Victus ™ стакло за заштита од гребнатини и случајни падови. Покрај тоа, двата уреди имаат нов заштитен филм направен од растеглив ПЕТ материјал и оптимизирани слоеви на панелот на внатрешниот екран, благодарение на што овој екран е за 80% потраен од претходните уреди.
Samsung продолжува да го предводи патот во категоријата уреди на преклоп по кои е познат по строгите процеси на производство со цел одржлива сигурност по долгогодишна употреба. Револуционерното скриено преклопување, првпат воведено на Galaxy Z Flip, им овозможува на овие уреди да не се движат под никаков агол за иновативно корисничко искуство во Flex режимот на работа. Благодарение на напредната Sweeperтехнологија за чистење, внатрешните четки сега се пократки, така што прашината и другите честички остануваат надвор од скриениот преклоп кој има потенок дизајн.
Тестот потврден од Buerau Veritas во рамки на паметните телефони Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3, беа подложени на притисок од 200.000 последователни преклопувања, самото тоа кажува дека нивното преклопување е на највисоко ниво. Покрај тоа, паметните телефони исто така доаѓаат со поддршка за 5nm AP и 5G опсег.
Galaxy Z Fold3: ултимативна продуктивност и забава
Благодарение на неговиот 7,6-инчен Infinity Flex Display (екран), корисниците на паметни телефони Galaxy Z Fold3 можат да уживаат во вистинско кино искуство со нивната омилена содржина. Корисничкото искуство го надополнува дизајнот на камерата, скриена под екранот, кој што не го попречува прикажувањето на преклопениот екран. Користејќи технологија за прикажување Еко, екранот е 29% посветол, додека троши помалку енергија во исто време. Една од главните предности е секако неверојатната брзина на освежување од 120 Hz, што овозможува исклучително непречено користење на предниот и главниот екран.
За прв пат во серијата Galaxy Z, Samsung ја применува својата популарна технологија од серијата „Note“ на моделот Z Fold3: поддршка за S Pen. Корисниците можат да ги користат целосно оптимизираните карактеристики на S Pen на нивниот екран на преклоп, што го прави совршен избор за оние во движење или оние кои извршуваат повеќе задачи одеднаш. На корисниците сега им е полесно да пишуваат белешки за време на видео повик на големиот главен екран на Z Fold3, или да проверат кои обврски ги завршиле додека читаат е-маил пораки.
S Pen за Galaxy Z Fold3 е достапен во две варијанти: S Pen Fold Edition и S Pen Pro. И двете верзии на пенкалото носат Pro технологијата овозможува поголема респонсивност од било кога досега, а се базира на технологија на вовлекување на врвот која го штити главниот екран од потенцијални оштетувања и овозможува безгрижно користење.
Што се однесува до продуктивноста, режимот Flex Mode на паметните телефони Galaxy Z Fold3 обезбедува исклучителни способности за повеќе задачи. На пример, корисникот може да се приклучи на видео повик на предниот екран во исто време додека прави белешки на главниот екран. Понатаму, Galaxy Z Fold3 исто така носи ажурирана Multi-Active технологија за прикажување на повеќе апликации одеднаш на големиот екран. Конечно, корисниците исто така можат да креираат персонализирани кратенки за повторно отворање апликации на ист начин благодарение на функцијата App Fair, каде што беспрекорното префрлување помеѓу апликациите без да мора да одат во главното мени е овозможено со новиот Taskbar на Galaxy Z Fold3.
Galaxy Z Flip3: Идеален баланс помеѓу стилот, функционалноста и постојана забава
Galaxy Z Flip3 им овозможува на корисниците да се изразат на свој начин благодарение на елегантниот дизајн надополнет со врвни карактеристики. Редизајнираниот преден екран на Cover Screen сега е четири пати поголем, што го олеснува читањето известувања и пораки без да морате да го расклопите вашиот паметен телефон. Предниот екран, исто така, го прикажува календарот, времето и бројот на дневни чекори на корисникот и може дополнително да се персонализира со функции со додатоци на Cover Screen и избраната фотографија во заднина, како и интегрирана со опции обезбедени од новиот Galaxy Watch4 или Galaxy Watch4 Classic паметни часовници.
Користејќи некои од најновите карактеристики на камерата развиени од Samsung, Galaxy Z Flip3 им овозможува на корисниците во Flex Mode да прават неверојатни портрети или селфи фотографии без употреба на раце. Понатаму, додека на претходните модели беше возможно да се фотографира само кога е преклопен телефонот, сега е можно да се слика видео со опцијата Quick Shot со помош на интерфејсот на предниот екран на Cover Screen. Сe што треба да направите е да го кликнете двапати копчето за да го вклучите паметниот телефон.
Galaxy Z Flip3 исто така е опремен со напредни стерео звучници со поддршка за Dolby Atmos®, што овозможува звук со висока јасност, длабочина и движење низ просторот без оглед на тоа што гледа или слуша корисникот. Благодарение на режимот Flex Mode, корисникот исто така може практично да ужива во својата омилена содржина, каде видеото може да се гледа на горниот дел од екранот, додека осветленоста и јачината на звукот може да се контролираат на дното.
Оптимизираното искуство на преклоп, отвора нови можности
Со серијата Galaxy Z, на корисниците им се достапни голем број апликации кои целосно го користат екранот што се преклопува. Samsung ги прошири партнерствата со водечките компании како Google, Microsoft и други, така што корисниците можат да уживаат во повеќе апликации прилагодени на нивните уникатни потреби. За да им понуди на корисниците уште поголем избор, новата функција на Samsung- Labaratoria, која може да се инсталира, им овозможува на корисниците да оптимизираат уште повеќе апликации на екранот на преклопување кога и да им се потребни.
Galaxy Buds2: супериорен звук и искуство
Покрај паметните телефони Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3, Samsung ги претстави и безжичните слушалки Galaxy Buds2. Одличниот дизајн на слушалките овозможува удобно носење во текот на денот,и истовремено уживање на врвен квалитет на звукот. Најновите слушалки на Samsung, кои се и најлесните и најмали досега, го задржуваат карактеристичниот заоблен дизајн кои што ги прави препознатливи, и стануваат дел од семејството Galaxy Buds заедно со Galaxy Buds Live и Galaxy Buds Pro, за да им овозможат на корисниците уште поголем избор прилагоден на нивните потреби. Новите слушалки се опремени со динамични двонасочни звучници, кои обезбедуваат остар и јасен звук на бас, додека функцијата Active Noise Cancellation ја намалува бучавата во позадина. Исто така, Galaxy Buds2 овозможуваат подобар квалитет на повик благодарение на најновата технологија, која што со помош на вештачка интелигенција ги филтрира звуците од позадината и овозможува појасни разговори.
Цена и достапност
Samsung е посветен на уникатно искуство со телефоните на преклоп на повеќе корисници. Затоа двата Galaxy Z уреди се нудат по најдобри цени досега. Galaxy Z Fold3 се нуди по цена од 107.999 денари, а Galaxy Z Flip3 за 61.499 денари. Galaxy Bud2 ќе се продаваат по цена од 9.999 денари. Galaxy Z Fold3 е достапен на нашиот пазар во три бои, и тоа: фантомска црна, фантомска сребрена и фантомска зелена, додека моделот Z Flip3 ќе го има во фантомска црна, крем, зелена и лаванда боја.
Нарачајте веднаш во претпродажба
Во промотивниот период за нарачка однапред на Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3 паметните телефони, корисниците имаат можност да искористат специјален пакет поволности и да добијат попуст од 6000 МКД при купување нов паметен телефон. Исто така, можат да искористат дополнителен попуст за откупната вредност на стариот телефон и дополнителен бонус од 6000 МКД за одредени модели. Доколку одлучат да го купат моделот Galaxy Z Fold3, покрај попустот во претпродажниот период, корисниците имаат право на 3-годишна гаранција, како и маска на преклоп со пенкало и полнач од 25 W. Промоцијата трае од 11 до 26 август или до истекување на залихите. За искористите промоцијата, потребно е да се регистрирате преку апликацијата Samsung Members Lounge најдоцна до 19 септември 2021 година. За повеќе информации посетете ја страницата https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-z-fold3-z-flip3
За повеќе информации за Galaxy Z Fold3 и Z Flip3 и слушалките Galaxy Buds2, посетете ги www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/mk За медиумски материјали и подетални описи, посетете ја страницата www.samsungmobilepress.com/galaxyunpacked
Поврзани артикли