Хакери украле криптовалути во вредност од 600 милиони долари на дигиталната платформа „Poly Network” во најголемиот грабеж во историјата на децентрализирани финансиски платформи.

Хакерите ја искористиле ранливоста во „Poly Network”, платформа која се обидува да поврзе различни сегменти на блокчејн технологија за да можат да работат заедно, пишува „CNBC”.

„Poly Network” го откри нападот на Твитер и побара комуникација со хакерите и ги повика да го „вратат хакираниот имот“.

Блокчејн е „книга“ на активности на кои се темелат разни криптовалути. Секоја дигитална монета има свој блокчејн и тие се разликуваат едни од други. Poly Network тврди дека може да ги организира сите овие блокчејн да работат едни со други.

„Poly Network” е децентрализирана финансиска платформа. DeFi е широк поим кој опфаќа финансиски апликации засновани на блокчејн технологија кои настојуваат да ги истераат посредниците – како што се брокерите на акции. Затоа се нарекува децентрализирана.

Заговорниците велат дека тоа може да ги направи финансиските апликации, како оние за кредити или позајмување, поефикасни и поевтини.

„Износот на пари кој го хакиравте е најголем во историјата на DeFi”, напишаа „Poly Network” во друг твит.

Откако хакерите ги украле парите, тие почнале да ги испраќаат на разни други адреси. Истражувачите од компанијата за безбедност „SlowMist“ рекоа дека криптовалутата, проценета на повеќе од 610 милиони долари е префрлена на три различни адреси.

„Poly Network” ги повика берзите на криптовалути споменатите токени што доаѓаат од адреси поврзани со хакерите да ги стават на „црната листа“.