ТикТок беше најпреземаната апликација во светот во 2020 година, земајќи го првото место од Facebook Messenger, објави компанијата за дигитална аналитика App Annie.
– Кинеската платформа за споделување видеа е единствената апликација што не е во сопственост на Facebook, меѓу првите пет најсимнувани во светот. Сопственикот на TikTok, Бајт Денс мултинационална компанија за интернет технологија со седиште во Пекинг и во сопствената земја, го држи првото место со видео апликација на кинески Доуин, кинескиот колега на TikTok , пренесува ББС.
Од почетокот на истражувањето во 2018 година, водечките позиции ги имаа апликации во сопственост на Facebook, кои се уште доминираат во рангирањето. Апликациите на Цукерберг се рангирани меѓу првите пет, а покрај Messenger на Facebook, тука се и WhatsApp и Instagram.
Поврзани артикли