Според најновото истражување на Strategy Analytics, Xiaomi ги надмина сите други производители со 25 роценти удел на пазарот, по силниот раст на испораките на паметни телефони во Европа.
Xiaomi забележа раст од 14 проценти во однос на претходната година, со испорачани 50 милиони примероци. Заздравувањето на пазарот на паметни телефони е предводен од постојано економско закрепнување, здрава побарувачка од потрошувачите кои до неодамна користеа постари уреди, како и атрактивни 5G уреди по прифатлива цена.
Испораките на Samsung забележаа пад за 7 проценти на годишно ниво во Европа, што доведе до испорачани 12 милиони примероци во второто тримесечје на 2021. година. Samsung оствари добри резултати со новите 5G модели од Galaxy A серијата, но се соочува со се поголема конкуремција од Apple во премиум класата и кинеските производители во понискиот сегмент.
Apple имаше силен квартал, со раст од 16 проценти во однос на претходната година и испорака на речиси 10 милиони телефони во второто тримесечје ширум Европа. iPhone 12 продолжува да биде популарна кај лојалните купувачи на Apple кои задоцниле да ги заменат своите уреди.
Поврзани артикли