Honor Magic 3 телефонот се појави во официјален тизер. Видеото покажува дисплеј и решение за ладење на телефонот.

Краткото видео покажува waterfall дисплеј во се наоѓа издолжен засек за две селфи камери. Прикажана е и анимација на разладниот систем кој ќе биде задолжен да ја одржува температурата на Snapdragon 888 Plus чипсетот на оптимални нивоа.

Покрај тоа, Honor Magic 3 е забележан и на Geekbench 4 листинг, со ознака на модел ELZ-AN10. Уредот оствари 3556 поени во single core и 10.257 поени во multi-core тестот. Телефонот има 8GB RAM и користи Android 11 софтвер.

Претходно дознавме дека смартфонот ќе има пет камери, вклучувајќи три 64MP камери, 50MP главен сензор и ToF/2MP сензор за длабочина. Honor Magic 3 серијата ќе биде претставена на 12. август.