Според наводите на Bloomberg, решението на Apple кога станува збор за телефоните со флексибилен екран се очекува најрано за две до три години.
Се очекува дека во тој период Samsung ќе направи значителна предност во сегментот на флексибилни уреди. Иако Apple никогаш јавно не изрази интерес за сегментот на преклопни смартфони, некои патенти сугерираат дека компанијата размислува во оваа насока.
Флексибилниот iPhone секако би можел да биде интересен уред, но сепак останува прашањето дали телефоните со флексибилен екран ќе станат следниот стандард во индустријата за паметни телефони.
Во моментов, флексибилните телефони и натаму се премногу скапи за да станат мејнстрим, па можно е дека Apple да чека да паднат цените на овие уреди за да влезе и во овој пазарен сегмент.