Јапонија прави планови за колонизација на Марс, а доказ за тоа е компјутерски анимираната презентација прикажана на Универзитетот Кјото.
Презентацијата ја демонстрираше амбициозната визија за иднината на човечкиот живот во вселената. Прикажани се сцени од „други светови“, вклучувајќи структури со бизарен облик замислени во пустината на Марс. Меѓутоа, тие во својата внатрешност кријат зелени полиња, како и чамци кои мирно пловат по водата. Овој концепт е можна визија на човечкиот живот на Црвената планета.
Американската вселенска агенција NASA во својата програма Artemis планира да ги врати луѓето на Месечината, за прв пат по мисијата Apollo, а брзо се развиваат и приватните компании како Blue Origin, Virgin Galactic и SpaceX.
Колонизацијата на Марс е план на центарот наречен Центар за човечка вселенска технологија (Human Spaceology Center), основан во октомври минатата година, а почна со работа во јуни оваа година со цел забрзување на напредокот во технологијата потребен не само за враќање во длабоката вселена, туку и за животот во вселената.
Видеото ги откри и примарните полиња на истражување, а меѓу нив е изградбата на живеалишта што поддржуваат вештачка гравитација, што ќе одговара на онаа на Земјата. Марс има послаба гравитација, а иако таквото искуство првично е ослободувачко и интересно, сепак ниската гравитација е проблематична за животот и работата. Во услови на мала гравитација, многу е потешко да се развијат и одржат мускулната и коскената маса, па затоа се бараат решенија кои ќе одговорат на овие предизвици и ќе овозможат долг престој во другите светови.
Планот ја нагласува важноста на употребата на дрва во вселената, вселенска едукација, радијација, технологија што ќе го унапреди истражувањето на Марс, вселената, па дури и Земјата.
Поврзани артикли