Од Amazon ги отфрлија тврдењата во британските медиуми дека компанијата има намера да започне да прифаќа плаќања во биткоини до крајот на 2021. година.
„Шпекулациите не се точни. Ние продолжуваме да се фокусираме на искуството на клиентите во ваквиот шопинг преку нашата платформа“, велат од компанијата за CoinDesk.
Само пред една недела, цената на најпопуларната криптовалута беше под 30.000 американски долари. Некои трговци порастот на повеќе од 40.000 долари во текот на вчерашниот ден го припишуваа на оваа вест, како и на позитивните коментари од други инвеститори како Илон Маск и Џек Дорси.
Биткоинот падна на околу 37.000 долари, а потоа врати дел од загубите и во моментов се тргува со 38.400 солари, или скоро 30 проценти над цената од пред 7 дена.
Според CoinDesk, Amazon тестира сличен вид плаќање при купување преку Интернет, само неколку дена откако стана јасно дека компанијата бара да ангажира експерт за дигитални валути и блокчејн производи.
Поврзани артикли