Huawei денеска претстави два нови носечки уреди, а во прашање се Watch GT 2 Pro ECG паметниот часовник и Band 6 Pro паметна нараквица. Двата модела нудат надгртадба во однос на стандардните модели.
Watch GT 2 Pro ECG нуди електрокардиограм очитувања, додека Band 6 Pro пристигнува со можност за мерење на телесната температура.
Watch GT 2 Pro ECG е идентичен според големината и функциите како Watch GT 2 Pro. Има 1.39-инчен AMOLED дисплеј, Sapphire заштита за стакло и рамка од титаниум. Корисниците добиваат можност за мерење на отчукувањата на срцето, следење на нивото на кислород во крвта и следење на спиењето и нивото на стрес. Паметниот часовник го користи Huawei Lite OS и нуди преку 100 модови на вежбање.
Цената на GT 2 Pro ECG часовникот изнесува околу 478 долари, а во продажба во Кина ќе се најде од 12. август. Достапен е само во црна боја.
Band 6 Pro има 1.47-инчен AMOLED дисплеј, со исти опции на следење на параметри како и Watch GT 2 Pro ECG. Додаток е споменатата можност за следење на телесната температура и 96 модови на вежбање. Паметната нараквица Band 6 Pro чини околу 70 долари и ќе се најде во продажба од 20. август.