Google ќе ги забрани апликациите „за компензирани сексуални односи (т.е. sugar dating)“, кои служат за продавање и купување сексуални услуги на интернет.
Се работи за платформите Sugar Daddy Meet, Elite Millionaire singles, Seeking Arrangement и Spoil. Интернет-концептот е таков што исклучително богати мажи (најчесто повозрасни), бараат помлади девојки и жени поради секс за пари.
Отстранувањето е дел од новата политика на Google за ограничување на сексуалните содржини.
Забраната од Play Store за ваквиот вид апликации стапува во сила на 1 септември оваа 2021 година, а истата не важи за апликациите за запознавање.
Поврзани артикли