Realme го официјализира датумот на претставување на своите претстојни телефони, а компанијата објави дека X7 серијата е биде претставена на 1. септември во Кина. Во својата објава, Realme го споменува само X7, но се очекува дека ќе бидат претставени уште некои модели.

X7 линијата ќе има 5G поддршка и 120Hz AMOLED екран. Споменатиот екран ќе биде прв од овој тип за компанијата, бидејќи Realme досега објавуваше само телефони со 120hz LCD панели.

Постерот кој кинеската компанија го сподели на Weibo мрежата покажува телефон со тенки рамки, но останува да се види како ова ќе изгледа на конкретен уред. Смартфонот би можел да има и 125W UltraDART опција за полнење.

Текстот на постерот споменува и „флексибилен AMOLED екран“. Знаеме дека Realme X7 и X7 Pro нема да бидат флексибилни смартфони, но би можеле да имаат дисплеи со закривено стакло.