Во текот на својот Accelerated настан, Intel најави голем број новитети кои се однесуваат на стратегијата на компанијата за именување на архитектурата на процесори и нивниот план на објава до 2025. година и подоцна. Компанијата ја најави и својата прва архитектура за транзистори по повеќе од две децении, под името RibbonFET.
Кога е во прашање стратегијата на именување на нодовите на процесори, компанијата направи измени за да им понуди живописен преглед на нодовите, како и да забележи конзистентна рамка на понудата.
На тој начин, Intel 7 (претходно познат како Enhanced SuperFin) ќе биде насочен кон Alder Lake архитектурата на клиентските машини, како и кон Sapphire Rapids за центрите на податоци. Потоа следува Intel 4 (претходно познат како 7nm). Intel 3 ќе биде уште позначајно ажурирање, по што фокусот ќе биде на „подобрувањето на силата и покриеноста“.
На крајот, во 2024. година ќе го видиме Intel 20A, кој ќе понуди две битни иновации – RibbonFET и PowerVia. Од 2025. година па натаму, Intel ќе се фокусира на 18A, со подобрувања за RibbonFET, ккао и High NA EUV од следната генерација.
Тука се и плановите за подобрување на EMIB (Embedded multi-die interconnect bridge) во Sapphire Rapids производите и следната година. Потоа ќе ги видиме Foveros Omni и Foveros Direct. Повеќе детали за овие технологии Intel ќе објави во октомври.