Рускиот модул на Меѓународната вселенска станица се откачи вчера и изгоре во атмосферата.
Американската вселенска агенција NASA соопшти дека елементите што не изгореле во атмосферата паднале во Тихиот Океан. Овој руски модул наскоро ќе биде заменет со нов модул наречен „Наука“.
Модулот наречен Прогрес МС-15 дизајниран за транспорт на товар одвоен во 6:55 часот наутро заедно со пристанишната станица Пирс, а деловите изгореа скоро целосно за време на контролираниот влез во Земјината атмосфера. Мисијата Прогрес 77 стигна до МВС во февруари за да достави товар и залихи на екипажот на Експедиција 65. Пирс беше во функција 20 години по првото лансирање на 14 септември 2001 година.
Научниот модул беше лансиран во орбитата минатата среда, а кога ќе се спои со Меѓународната Вселенска Станица, астронаутите ќе имаат повеќе простор за товар, опрема и научни експерименти. Исто така, овој модул носи нова роботска рака што ќе може да го сервисира рускиот дел на МВС.
Поврзани артикли