Француските регулатори денес донесоа одлука да ги казнат производителите на iPhone со 1,1 милијарди долари поради кршење на прописите за конкуренција на пазарот.

Според Reuters, технолошкиот гигант е казнет поради оневозможување на конкуренцијата во својата дистрибутивна мрежа и кршење на економската независност на препродавачите.

Трговците на големо Tech Data и Ingram Micro, исто така се казнети со 76 милиони и 63 милиони евра поради незаконски пракси за договарање на цени, соопшти францускиот регулатор.

„Apple и неговите двајца продавачи на големо Tech Data и Ingram Micro се согласија да не се натпреваруваат меѓусебно, како и да спречат конкуренција меѓу дистрибутерите, со што ја “стерилизираа” продажбата на големо на Apple производите на пазарот“, соопшти Изабел де Силва, шефица на француската агенција за заштита на конкуренцијата.