Honor 9X моделите ќе биде претставени следната недела, а подбрендот на Huawei сега објави официјална фотографија на задната страна на еден од смартфоните.

Уредот прикажан на фотографијата, кој го покренува Kirin 810 чипсет е најверојатно Honor 9X Pro, кој ќе има три камери на задната страна и сензор за отпечатоци од прсти од страна.

Телефоните се појави и на TENAA листингот, со комплетните спецификации. Забележани се верзии со броеви на моделите HLK-AL00 и HLK-TL00, а пристигнуваат со до 8GB RAM, 256GB простор за складирање и слот за microSD картички. Исто така, се очекува дека Honor 9X телефоните ќе имаат 6,59-инчни IPS екрани.

Интересно е дека TENAA ги прикажува само уредите со две камери (48MP + 2MP), што можеби укажува на тоа дека на објавената тизер фотографија можеби се наоѓа 9X Pro моделот, додека TENAA спецификациите се за стандардниот Honor 9X.

Остатокот од спецификациите вклучуваат 3900mAh батерија, EMUI 9.0  заснован на Android 9 и тежина од 206 грама. Повеќе детали се очекуваат во наредните денови, пред официјалната објава на 23. јули.