Соништата на милијардерите Ричард Бренсон и Џеф Безос за тоа да станат астронаути сепак не се остварени бидејќи NASA ја прошири дефиницијата за тој поим.

Астронаутите мора да бидат дел од екипаж и да направат научен придонес во поглед на безбедноста на вселенските летови, се наведува меѓу останатото за новите правила на американската Федерална администрација за авијација (ФАА).

Ова се првите промени воведени во дефиницијата за поимот „астронаут“ откако ФАА ги воведе во 2004 година.

Поради новите правила Џеф Безос и Ричард Бренсон не можат да бидат наречени астронаути иако го исполнија условот да одлетаат во височина од 80 километри.

Воведен е поим за комерцијален астронаут, кој подразбира исполнување само на условот за височина, а што двајцата милијардери го имаат исполнето.

Измените се воведени во вторникот, истиот ден кога Безос одлета на ракетата Blue Origin. Девет дена пред него британскиот милијардер Бренсон го изведе истиот подвиг во ракетен авион на Virgin Galactic.

Како комерцијални астронаути, Безос и Бренсон не можат да добијат официјални ордени од ФАА. Ознаките за астронаути на скафандерот им се направени од нивните компании и не се официјални ордени.

Извор: B92.net