Intel неодамна го објави својот финансиски извештај за вториот квартал од 2021 година, а во рамките на него компанијата посочи и некои идни планови и очекувања на пазарот.
Според Intel, во текот на третиот квартал оваа година, пазарот може да се соочи со нов недостаток на залихи на чипови, овој пат поради недостаток на ABF супстрати. Сепак, достапноста на центрите за податоци, облак и деловни решенија треба да се подобрат во истиот период.
Главниот проблем ќе биде недостатокот на ABF (Ajinomoto build-up film) супстрати, а филмот во овие подлоги го креира единствена компанија – Ajinomoto Fine-Techno Co. Досега, компанијата ги исполнуваше барањата на пазарот за споменатите супстрати, но креаторите на IC супстрати не го сторија тоа, што го одложува процесот на производство на процесори.
Intel истакнува дека ќе се обиде да им помогне на производителите на суострати да ги задоволат потребите на пазарот до крајот на годината, за да да се одржи темпото на производство на процесори за четвртиот квартал од 2021 година.
Поврзани артикли