Компанијата Huawei на 29. јули ќе ја претстави серијата P50, а сега објави фотографија креирана со камерата на овој смартфон.
Досега видовме неколку тизери, а како што се ближи претставувањето, пристигна фотографија која е направена со претстојниот P50 Pro смартфон на Huawei.
Фотографијата е објавена на профилот на Huawei на социјалната мрежа Weibo, а на неа се наоѓаат двајца мечувалци. Секако, фотографијата е компресирана при закачувањето на Weibo, така што бројот на пиксели не кажува ништо.
Сепак, боите изгледаат одлично, а предметите кои брзо се поместуваат не се заматени.
Повеќе за камерите и уредот ќе дознаеме на 29. јули во текот на официјалното претставување.