Најновите гласини, во врска со iPhone 13 серијата телефони, се однесуваат на брзината на полнење на батеријата на уредот. Извештајот на сајтот MyDrivers цитира странски медиуми, кои преку каналите за снабдување дознаа дека Apple може да ги зголеми брзините на полнење на батериите на iPhone 13 на 25W.

Моментно,  iPhone 12 линијата поддржува максимална брзина на полнење на батеријата од 20W, но ако Apple ја зголеми брзината на 25W, се сугерира дека времето на полнење нема драстично да се промени. Apple веќе не нуди полнач од 18W, додека адаптерот од 25W ќе чини нешто повеќе од актуелниот 20W модел, кој чини 20 долари во САД.

Ова секако значи дека корисниците, кои сакаат да ја искористат посилната опција за полнење на следната генерација на iPhone ќе мора да купат нов полнач, бидејќи Apple веќе не нуди адаптер за полнење во пакувањето на смартфонот.

Следната iPhone генерација, која се очекува околу септември, би требало да има always-on дисплеј, простор за складирање до 1TB, поголема камера, како и побрзо безжично полнење, како што сугерираат гласините што се појавија во претходниот период.