Актуелниот MacBook Air на Apple беше објавен во ноември 2020 година, заедно со 13-инчниот MacBook Pro и Mac mini. Овие Mac модели имплементираа одличен хардвер по објавувањето, но го имаа истиот надворешен дизајн и карактеристики како и нивните Intel варијанти. Најновите гласини сугерираат дека освежениот MacBook Air ќе имплементира нови функции.
Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо верува дека најлесниот лаптоп на Apple ќе пристигне кон средината на 2022. година. Тој сугерира и дека уредот ќе има нов 13,3-инчен Mini LED дисплеј, кој ќе понуди подобар квалитет на сликата, заедно со полесен и потенок дизајн.
Покрај горенаведеното, новиот MacBook Air треба да има подобра покриеност на спектарот на бои, поголем контраст, вистински црн дисплеј и многу повеќе. Покрај тоа, лаптопот може да ја добие и технологијата за полнење MagSafe, што се очекува со новиот MacBook Pro, кон крајот на оваа година.
MacBook Air се очекува да имплементира и некои промени во дизајнот, а се сугерираат потенки бели рамки, поголема тастатура и поголем тракпад. Изгледот на лаптопот би можел да биде поквадратен, како оној на iPad Air и iPad Pro таблет уредите.