Минатогодишниот модел Galaxy M21 го доби својот наследник под назив Galaxy M21 2021 Edition.
Новиот модел нема да има многу подобрувања во однос на претходникот. Се разликува по различниот дизајн на задниот панел и главната камера која го користи сензорот на Samsung од 48 MP. Исто така, тука е и One UI 3.1 Core интерфејс базиран на Android 11.
Oстанатите спецификации останаа исти бидејќи го движи Exynos 9611 процесор, а поседува 6,4-инчен FullHD+ Super AMOLED екран и батерија од 6.000 mAh која поддржува 15W полнење. Сензорот за отпечаток на прст е поставен на задниот панел.
Напред се наоѓа селфи камерата од 20 MP, позади е главната од 48 MP, ултрашироката од 8 и сензор за длабочина од 5 MP.
Достапен е во две бои- Charcoal црна и Artic сина боја, како и со верзии со 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија и 6GB RAM и 128 GB интерна меморија.
Се продава по цена од 140 и 165 евра.
Поврзани артикли